ВИДЕОКОШАРКАСПОРТ

Шампион на секој терен – Коби Брајант се закити со Оскар

Иако се повлече од кошарката и повеќе не доминира по НБА паркетите, Коби Брајант и понатаму освојува трофеи.

Легендата на Лос Анџелес Лејкерс ја освои престижната награда Оскар за краткометражниот анимиран филм „Dear Basketball“.

Овој филм е базиран на неговата проштална порака, кога се повлече од кошарката во 2015 година.

На Брајант, како извршен продуцент на филмот, Оскарот му го врачи ѕвездата на серијалот „Star Wars“, Марк Хамил.

„Благодарност до Коби што го напиша документарецот „Dear Basketball“, тоа е порака за сите нас. Како и да изгледа твојот сан, преку страст и истрајност се е возможно“, изјави аниматорот на Disney, Глен Кејн.

Брајант е петкратен НБА шампион и остана запаметен како еден од најголемите великани во кошарката.

Извор: kajgana.com

Leave your vote

0 points
Upvote Downvote

Total votes: 0

Upvotes: 0

Upvotes percentage: 0.000000%

Downvotes: 0

Downvotes percentage: 0.000000%

loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button

Hey there!

Forgot password?

Forgot your password?

Enter your account data and we will send you a link to reset your password.

Your password reset link appears to be invalid or expired.

Close
of

Processing files…

Close
Close