Ќерка го ограбила татка си, му украла накит и пари вредни повеќе од 10.000 евра


loading…



18-годишна девојка од тетовското село Туденце е осомничена дека од сефот на татка си украла разновиден златен накит и повеќе 10.000 евра.

Според информациите на МВР, вчера Н.С. (45) од село Туденце пријавил дека во периодот од 27 декември лани до 21 февруари пријавил дека непознат сторител извршил кражба во неговата куќа, на непознат начин и без оштетувања. Сторителот, според пријавата, влегол во спалната соба и од сеф со шифра одзел повеќе парчиња разновиден златен накит и 3.000 евра во разни апоени вредни над 600.000 илјади денари.

Набргу по пријавувањето, велат од МВР, кражбата била расчистена, а осомничена е 18-годишната ќерка на пријавителот Н.С.

Извор: vesti24.mk

loading...
Previous Човеков глуми мртов за да види како ќе му реагира мачката (видео)
Next Таа е жена со најголем задник на светот и поради него не може да помине низ врата

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *