Поларна мечка се породила во Зоолошка, а чуварите едвај го забележале малечкото


Зоолошката градина Трипарк во Фидришфелд во Берлин прослави роденден на полоарно мече.

На фотографијата која е објавена на социјалните мрежи се гледа Тоња, која нежно го лиже лицето на своето младенче неколку моменти по раѓањето. Новороденчето сеуште не добило име, а второто малечко на Тоња било родено мртво.

Како што пренесува АП, зоолошката градина во источниот дел на германската престолнина, соопшти денеска дека новото поларно мече е со големина на морско прасе и дека веќе цицало за прв пат.

Првото младенче на Тоња, по име Фриц починало од непознати причини за четири месеци.

Стапката на смртност кај младите поларни мечки е речиси 50 %, а во првите десетина дена истата може да биде и повисока.

Видете го видеото:

Извор: vesti24.mk

loading...
Previous Дневен хороскоп (10.12.2017) Недела
Next Дневен хороскоп (11.12.2017) Понеделник

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *